Македонскиот тренер Данило Брестовац, со неговиот нов тим, Мадар од Саудиска Арабија го освои Супер куп натпреварот што се одигра во Ријад.
Супер Куп на Саудиска Арабија под име „Paradise 2021“ се одржа за прв пат, а се сретнаа победникот на купот, Ал Мадар и шампионот во првенството, Ал Нор.
Данило Брестовац летово го презема кормилото на Ал Мадар и им го донесе првиот пехар. По одличното прво полувреме во кое Мадар водеше 10-6, во вториот дел Ал Нор стана опасен ривал, а средбата заврши со минимална победа од 22-21 за Мадар. Екипата на Брестовац се одбрани во последниот напад на противникот кому остана само слободен удар за крај, но тоа беше среќен крај за Мадар.