Вардар со плус 4 кон Зад... кон Загреб

ВАРДАР 1961 - ППД ЗАГРЕБ  24-20 (14-12)
Дибиров 7, Кудуз 6, Георгиевски 3 - Чупиќ 8, Шипиќ 2, Кларица 2, Обрановиќ 2



Вардар има одлична предност од четири гола пред реваншот со ППД Загреб од 1/4 финалето на СЕХА. Предноста не гарантира пласман, но со оглед на тоа каков беше мечот во Скопје, црвено-црните мора да бидат презадоволни со имаат четири плус. 

Гоце Георгиевски предводеше еден блиц-криг на Вардар на стартот на мечот со кој македонскиот тим поведе со 3-1. Потоа Загреб намали на 3-2, па Вардар зголеми на 4-2 и така се играше се до 25 минута од натпреварот. Вардар ќе поведеше со два гола, Загреб ќе намалеше на еден. 
Македонскиот тим во три наврати имаше и напад за плус три што не го искористи, ППД Загреб првиот за израмнување го претвори во реми во 26 минута. 
Но, до крајот на полувремето Вардар се врати на плус два. 
Лесно е издвоиме најдобар играч во редовите на Вардар во овој дел, тоа е Анте Кудуз кој погодуваше перфектно во овој период од играта. Кај гостите малку потешко да се издвои најдобриот играч, речиси сите беа на слично ниво. 



Листата на стрелци, пак, кажува друго, но треба да се има предвид дека во еден момент средбата се претвори во пеналџиски дуел меѓу старите лисици Дибиров и Чупиќ. 
Некогашното вардарово десно крило беше со овации поздравен во Скопје, а за среќа на Вардар освен пеналите не видовме речиси ништо од неговиот репертоар. 

Во второто полувреме, пресликано, Вардар на стартот набилда уште два гола и поведе со 16-12, но не се одлепи, туку Загреб намали на три, па како и во првиот дел беше плус три, плус два... 
ППД Загреб не импресионираше, особено не со играта во напад. Мартин Томовски имаше не многу, но во добри моменти интервенции па не дозволи Загреб да се доближи. 

Конечно, плус три беше во последните триесетина секунди, Обрван побара тајм аут, во последниот напад бараше да се чува топката до крај за да не се прими гол, но погрешија загрепчаните, па Вардар од контра-напад дојде до плус четири. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk