Најавата на претседателот на Келце, Берус Сервас, дека никому не му е сигурно местото во тимот, а и дека преговара со потенцијално засилување, ги предизвика новинарите (од Полска) да го следат трагот на информацијата.
Игор Карачиќ нема потпишано нов договор со Келце, а актуелниот му истекува во 2022 година. Тоа е базата на информацијата по која почна анализата на тоа што се случува во полскиот шампион, со напомена дека претседателот на клубот најави дека преговараат со искусен играч, ракометар кој игра неколку сезони во ЛШ, но дека во моментов не може да открива детали.
Денеска на својот твитер, Бертус Сервас, објавил дека е постигнат договор и дека има нов играч.
Спортове факти, еден од водечите полски медиуми, во својата анализа, стигна до моментот дека новиот играч на Келце би требало/можело да биде Сташ Скубе. Неговиот договор со Мешков Брест истекува исто така во 2022 година.
Можеби и поранешниот играч на Металург, Халил Јагањац да е новото име, тој одамна е најавуван за трансфер во полскиот клуб. Но, за него имаше потврда и од Сервас, паралелно со најавата дека се преговара со играч за кого не смее да открива детали. Тоа одново не враќа до моментот дека не е тој туку некој друг би можел да биде нивниот нов ракометар.
Се знае единствено дека е деснорак бек, не е ниту логично да е поинаку откако следната сезона ќе се комплетира леворакото дуо Алекс Душебаев - Недим Ремили.
Што се однесува до Игор Карачиќ, пак, иако се погласно се шпекулира дека си оди, треба да се има во предвид изјавата на Бертус Сервас дека го гледа долгорочно во клубот, но и дека во следните месеци треба да се расчисти неговиот статус, односно клубот да го добие тоа што го чека од него.
Владислав Кулеш, пак, се чини прекуброен. Келце не само што го има Дорук Пеливан (вчера потпиша нова едногодишна позајмица во Минден), туку ги има и Гебала, Сичко и Даниел Душебаев како леви бекови, плус Карачиќ и Трастарсон кои можат да покријат на таа страна.