По С. Арабија која значително ја намали катарската доминија со преземањето на Супер глоуб и Бахреин кој го елиминираше во квалификациите за ОИ Токио, сега и Кувајт чепна малку од ракометната слава на Катар.
Кубанецот Франкис Карол Марзо, најдобриот стрелец на СП Египет и неговиот „брат“ по ракомет, националност и катарски пасош Анхел Ернандез заминуваат од Катар, од екипата на Ал Араби со која во 2020 потпишаа петгодишни договори.
Денеска, Кувајт Спорт Клуб објави дека Марзо и Ернандез потпишале со нив нови петгодишни договори. Сумата за отштета и нивните примања не е обелоденета, но се претпоставува дека овие двајца ракометари се меѓу најскапите во ракометниот свет во моментов.