Вујовиќ: Ќе требаат 120 минути за победник

Веселин Вујовиќ без голема помпа го најави натпреварот на Вадар што игра во рамките на СЕХА ќе го игра утревечер Загреб.



„Мислам дека ова ќе биде најизедначениот дуел од сите 1/4 финални во СЕХА лигата. За да се добие победникот, ќе бидат потребни 120 минути, ништо нема да биде решено на првиот натпревар. Ме радува тоа што во салата овој пат ќе има гледачи. Не размислувам за пораз, победа, колку голови ќе се доволни. Загреб е една одлична екипа, ние полека ја креваме формата и ќе биде потребно да се одигра на највисоко ниво за да можеме да елиминираме една таква сјајна екипа“, изјави Веселин Вујовиќ во пресрет на овој натпревар.

Средбата ќе се одигра утре со почеток од 20:15 часот. Во салата ќе биде дозволен влез на одреден број на гледачи.  



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk