Келце ги поткачи и Игор Карачиќ и Андреас Волф!

Новата сезона, носи нови турбуленции во Келце. Последно беше финанската криза, но таа е надмината, па следеше резултатска во која беа елиминирани од ЛШ во 1/8 финалето, за годинава да дојде на ред играчка криза, во која претседателт и тренерот отворено се „закануваат“ на најголемите ѕвезди. 



По Талант Душебаев, редот дојде на претседателот Бертус Сервас да го каже своето околу играчкиот кадар. Прв за отстрел е Белорусинот Владислав Кулеш.
„Нам ни треба ракометар што на секој меч ќе дава по 3-4 гола. Не еднаш да блесне со осум и потоа на следниот да нема ниту еден. Владислав Кулеш има време до декември-јануари да се докаже дека треба да остане. Ако е потребно, имаме листа од неколку играчи што би можеле да го заменат. Халил Јагањац е еден од нив. Но, имаме и во своите редови доволно играчи. Дорук Пеливан на пример е позајмен на Минден. Но, туку се и Гебала, Сичко, Карачиќ и Трастарсон. Секој од нив може да одигра на лев бек ако е потребно“, изјави за „Спортове Факти“, Бертус Сервас. 

На овој список интересно се најде и некогашниот играч на Вардар и миленик на скопската публика, Игор Карачиќ. Тој нема потпишано нов договор и се шпекулира дека заминува во 2022...
„Игор имаше добар старт, потоа се повреди и оттогаш до крајот на сезоната не беше истиот играч. Сакам да видам дека навистина му значи да игра во Келце“, изјави Сервас и додаде дека клубот веќе е во преговори со искусен играч кој неколку години играл во Лигата на шампионите. Тоа не е Стефан Додиќ од Металург кој беше поврзуван со трансфер во Келце, но не може да открие детали,  затоа што тоа прво требало да го стори клубот со кој преговара. 

Стефан Вујовиќ е уште еден играч чив статус е „комплициран“, а комплициран е и Андреас Волф иако неодамна потпиша договор до 2028 година. 
„Волф е во најлоша положба и му треба наша помош. Имаме проблем со него уште од јануари и треба да даде многу повеќе. Не го доведовме овде за да брани со 20%. Многу сум задоволен од Корнецки (вториот голман) секој полски играч на ова ниво, вреди злато“, додаде Сервас во изјавите за полскиот медиум Спортове Факти. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk