МАГДЕБУРГ - ВАРДАР 31-20 (12-11)
Магдебург е победник на Хумел Куп 2021. Во финалето без проблем го совладаа тимот на Вардар 1961. Неочекувано слабо издание на македонскиот првак кој во Германија отиде со цел да го освои пехарот, но се враќа со пораз од 11 гола разлика.
Вардар не успеа да го освои Хумел Куп 2021 и не само што не успеа да победи во финалето, туку во финишот на натпреварот се спасуваше од дебакл.
По израмнетиот прв дел, рапсодијата на Магдебург почна некаде по 34 минута, при резултат 14-12. Острицата на нападите на Вардар отупе, на голот на противникот се воздигна Јаник Грин, а скопскиот состав полека влегуваше во машината на Магдебург.
Веселин Вујовиќ навреме увиде на каде одат работите и веднаш побара тајм аут, но работите не тргнаа на добро.
Напротив, од минута во минува Магдебург постигнуваше се повеќе лесни голови, а Вардар се повеќе мака имаше да дојде до позиција за шут. Во таква игра, по 45 минути, на семафорот низ бројки беше испишано фијаско (24-14).
Во последните 15 минути битката се водеше за тоа дали ќе биде довоцифрено или едноцифрена победата на Германците. Најбитно, прогресот на противникот беше запрен, па средбата не отиде над 11 гола, но од друга страна па и не се спушти под девет гола.
Жереми Тото е проглсен за МВП на турнирот, што е единствемата добра вест денеска од таборот на Вардар.