Белорускиот џин Владислав Кулеш (206 см), во 2018 година премина од СКА Минск во Келце, иако се шпекулираше дека ќе дојде во Вардар.
Иако минатата сезона беше видлив напредок и се претвори во вистински бомбардер од надворешната позиција, трансферот во Полска, не беше остварување на сонот.
Владислав Кулеш во очи на новата сезона е блиску до место на трансфер листа во Келце. Информацијата ја објави тренерот на полскиот тим, Талант Душебаев за белоруската ТВ5 .
„Не знам што се случува со него. Ќе разговараме и ќе видиме. Не сум задоволен од тоа како игра и во напад и во одбрана. Овде мора да се биде професионалец, ако не игра на нивото кое го посакуваме, тогаш ќе му кажеме довидување, како и на секој друг ракометар“, изјави Душебаев.