ППД Загреб го освои Добој

Противникот на Вардар во 1/4 финалето на СЕХА лигата, екипата на ППД Загреб е победник на 52 издание на турнирот во Добој. 



ППД Загреб ја совлада Војводина (27-19) во финалето на турнирот во Добој и ја комплетираше фазата на подготовки пред мечот со македонскиот шампион. 
ППД Загреб немаше многу проблеми, иако во првиот дел беше релативно израмнето, а на одмор се замина со највисоки до тој момент четири гола разлика (13-9). Во второто полувреме Загреб поведе и десет гола (24-14) и без мака стигна до пехарот од 52 турнир во Добој. 

Иван Чупиќ со 8 гола беше најефикасен кај Загреб, а новите играчи, Жмавц со три и нкогашниот вардарец Оцвирк со два предводеа листа на стрелци кај Војводина.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk