Нов голман потпиша за ПСЖ

Се зборуваше за Торборн Бергеруд како за готова работа за трансфер во ПСЖ, но се чини ништо од тоа. ПСЖ вчера промовираше нов голман, а тој доаѓа од редовите на РНЛ. 



Шведскиот голман Андреас Палицка (35) и данскиот чувар на мрежата Јаник Грин ќе бидат новите голмани на Пари Сен Жермен почнувајќи од јуни следната година. 
Наспроти очекувањата потпис да стави Бергеруд, тоа го стори Палицка. Се договорија за соработка до 2024. Сега базата на ПСЖ за голманската позиција е сосема солидна, па ќе може да се фокусира на тимот.

Што се однесува, па, до Торборн Бергеруд, веројатно нема да му недостигаат погодати понуди, можеби од Данска каде што се формира опасен тим.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk