РНЛ ќе остане без легендата

Рајн Некар Ловен е клуб што се наоѓа пред голема трансформација. 



Откако минатата сезона од клубот заминаа Мадс Менса Ларсен и Александар Петерсон, РНЛ е на прагот да го одигра и последниот потег и комплетно да се трансформира. 

Сезонава е последната во кариерата на легедатниот швајцарски ракометар Анди Шмит во дресот на Рајн Некар Ловен. Овој 38 годишен бек нема да го продолжи договорот со клубот и кариерата ќе ја однесе во многу помирни води, во родната Швајцарија каде што ќе се врати со семејството. 
Анди Шмит мина цели 12 години во РНЛ и таму беше главниот меѓу главните, кареатор, организатор и реализатор практично на се што се случуваше на теренот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk