Царчев ќе работи со француска легенда во С. Арабија!

Саудиска Арабија покажува невообичаена раздвиженост на ракометниот пазар.


Блискиот Исток повторно станува атрактивна дестинација, со тоа што во главна улога место Катар на кого навикнавме, се појавува Саудиска Арабија. 
Не само што Дамам го презема Супер Глоуб од Доха, на наше задоволство што ќе имаме двајца тренери (Данило Брестовац во клубот Мудар и Александар Царчев кој потпиша едногодишен договор за да биде тренер на голманите на машкиот тим, туку и со изборот на новиот селектор. 

Денеска во С. Арабија на финални преговори за преземање на машката сениорска репрезентација пристигна Дидие Динар, славниот француски ракометар, подоцна селектор на Франција. 

Веста ја потврди федерацијата на Саудиска Арабија, а ако дојде до комплетирање на договорот, што најверојатно и ќе се случи со оглед на тоа дека Динар веќе е таму, тогаш македонскиот тренер Александар Царчев ќе работи во тим со француската легенда. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk