Како (ќе) изгледа втората шанса за кадетите?

Репрезентацијата на Полска М19 се пласираше на следното ЕХФ Еуро, исто како и нивните помлади колеги од генерацијата 2004. Истото ќе важи и за победниците на ЕХФ Шампионатите што денеска почнуваат во Летонија и Бугарија. 
Македонија како финалист на ЕХФ Шампионатот, треба да добие нова, втора шанса. Така е запишано во регулативите на ЕХФ. 


Според регулативите на ЕХФ за 2022, член 8.6 вели дека за финалистите на ЕХФ Шампионатите се обезбедени места в дополнителни квалификации. Такви досега се немаат одиграно, но треба да ги видиме во март/април со учество на Македонија. 





Ова значи дека Македонија заедно со финалистите на ЕХФ Шампионатите од Летонија и Бугарија ќе играат во нови квалификации. Тие ќе имаат максимум 8 екипи. 
Покрај трите финалисти од ЕХФ Шампионатите, во овие квалификации ќе учествуваат и максимум пет екипи од ЕХФ Еуро што се игра во Хрватска, почнувајќи од последната 16-та екипа, па нагоре до евентуално 12 позиција. 

ЕХФ треба да го потврди овој  квалификациски турнир. Веројатно од осум екипи што ќе бидат во овие квалификации, две би обезбедиле пласман на следното ЕХФ Еуро. Ако се помалку од осум екипи, тогаш само една би се пласирала.

Ако ги погледнеме табелите на ЕХФ Еуро во Хрватска, во моментов четири репрезентации што се за преселба во овие квалификации се Италија, Израел, Русија и Австрија. Овој податок го „нафрламе“ за да доловиме малку појасна слика како би изгледале „тие“ квалификации. На прв поглед и не е толку страшно. 

Ова е тоа како би требало да биде, но веќе многупати сме пишувале дека со ЕХФ и ИХФ нема ништо сигурно. Ќе почекаме ЕХФ да објави дали ќе се играат и ако се играат како ќе изгледаат овие квалификации.
Има и бонус. Ковид ги измеша термините на ЕП и СП и возрасните категории. 
ЕХФ Еуро што се игра сега како и ЕХФ Шампионатите требаше да се играат лани. Беа откажани. 
СП требаше да се игра годинава, но беше откажано и затоа ЕХФ ги организираше сега. 
Но, следната година, според редот на нештата, треба одново да се игра ЕП, а мундијалите да бидат во 2023 и да се врати балансот. 
Но, најавите од ИХФ се дека следната година ќе се играат младинските Светски првенства... 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk