Вардар ја освои Струга!

Вардар го совлада Е. Пелистер (33-32) по продолженија и им го одзема струшкиот пехат на битолчани кои беа сопственици една сезона. 



Вардар е новиот струшки победник, откако вечерва во драматичен меч го совлада битолскиот ривал Еурофарм Пелистер.
Натпреварот кој во најголем дел личеше на меч од времињата кога не постоеше брз центар, во финишот се претвори во вистинска драма во која двата најдобри македонски клуба покажаа дека имаат многу поголем потенцијал од тоа што го демонстираа во текот на турнирот. 

Е. Пелистер имаше повеќе од водството, севкупно гледано и пропушти шанса во регуларниот дел да запише победа, а и во второто продолжение влезе со гол предност. 
Но, Тиммур Дибиров се разигра кога Вардар не смееше да погреши, а му требаше гол по секоја цена и потстети дека сепак тоа е играч што има два пехара од Лигата на шампионите. 

На спротивната страна, во продолженијата, Мирко Радовиќ играше главна улога, а општо во текот на натпреварот, најсилен впечаток остави човекот за кого веруваме дека веќе е нов миленик на битолската навивачка армија - голманот Мартон Секели. 
Кога сме кај голманите да споменеме и дека Марко Кизиќ имаше една успешна двојна интервенција во блиц настапот кога влезе колку да брани пенал, а и во црвено-црните редови Мартин Томовски беше одличен на голот на Вардар во текот на целата средба. 

Двете ѕвезди на финалето, Мартон Секели и Тимур Дибиров беа прогласени за нај голман и нај играч, додека најдобар стрелец на турнриот е стружанецот Златко Мојсоски. 

Претходно, во меч за трето место Бутел Скопје го совлада тимот на ГРК Тиквеш (29-20), а Металург својата прва победа во подготовките ја запиша на мечот со Струга (29-23). 

foto: rkvardar.mk

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk