Кадетите не успеаја, ќе чекаат втора шанса

МАКЕДОНИЈА - ПОЛСКА 33-35 (17-17)


Македонија е поразена во финалето на ЕХФ Шампионатот во Скопје. Полска беше подобар протиник, би додале противник што подобро ги користеше своите шанси, додека Македонија и покрај борбеноста и мотивацијата, не успеа да ги покрие своите слабости, во кои реализацијата и на овој меч беше еден од клучните фактори за поразот. 
Полска сега е директно квалификувана за ЕХФ Еуро, додека Македонија ќе чека на одлуката на ЕХФ дали ќе се играат најавените дополнителни квалификации. 

Македонија и Полска денеска по втор пат се сретнаа на ЕХФ Шампионатот во Скопје. Овој пат, во финалето на турнирот. 
Жестока битка во која ниту една репрезентација не можеше да се одвои на повеќе од гол-два разлика беше главната карактеристика на првото полувреме. 
МВП на турнирот Марко Митев ја водеше Македонија во гол за гол битката со незгодниот противник, битка која по 30 минути игра заврши без победник (17-17).



Во вториот дел, Полска искористи тоа што Македонија промаши зицер(и), па успеа да поведе со два разлика, предност што Македонија ја успешно  бркаше во воведните десетина минути. Но, потоа почна негативен развој на настаните за нас. Во бркотницата на теренот, Полска подобро се снајде и поведе со 23-19  во 40 минута и го принуди Лазаров да бара тајм аут. 
Натпреварот стана полош за нас, пред да стане подобар. Полска поведе 27-21, но следеше период на подобра игра на Македонија која намали на 24-28 во 47 минута.

Послкиот голман стана јунак на својот тим. Одбрани бројни шутеви, многу од нив од чисти позиции и успешно ја одбрани предноста на Полска до последниот свиреж. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk