Кадетките победија! Одат на ЕХФ Еуро!

МАКЕДОНИЈА - ИСЛАНД 27-26 (12-12)
Стрелци за Македонија: Дукоска 11, Коцева 5, Ризоска 7, Младеновска 3, Еленин 1

Македонија го совлада Исланд во финалето на ЕХФ Шампионатот во Литванија! Следната година, како јуниорки ќе играат на ЕХФ Еуро, а ги пласираа и своите помлади колешки кои исто така ќе играат ЕХФ Еуро, како кадетски тим.

Жестока битка водеше кадетската репрезентација на Македонија во Клаипеда, во финалето против Исланд. 
Гол за гол се водеше битка цело прво полувреме. Во првиот дел Исланд имаше контрола, но не и повеќе од гол предност освен (3-1), а во вториот дел од полувремето, Македониј повеќе контролираше, но и нашиот тим не стигна до комфорна зона и немаше повеќе од гол предност освен при водство 11-9, за на крај на одмор да се замине со резултат 13-13. 



Исланд беше тимот што диктираше резултат во второто полувреме. Постојано поведува, постојано Македонија израмнуваше. Теодора Дукоска ја водеше нашата игра на овој меч и сдо 45 минута имаше постигнато пола од головите за Македонија (8). 
Македонија поведе во 49 минута (19-18), а потоа и 20-19 со што го принуди Исланд на минута одмор. По ова следеше промашување на Исланд и гол на Ризоска за водство од 21-19, а Дукоска ја одржа разликата и на 22-20.
Ризоска постигна уште два многу важни гола со кои Македонија остана на плус два (25-23) во 57 минута од мечот. Потоа и Дукоска погоди за 26-23, а кога Македонија погоди за 27-24 беше готово. Финалниот резултат е само шминка во последната минута.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk