Вуко Борозан има нов клуб

Вуко Борозан беше миленик и еден од играчите што имаше важна улога, уште поважни голови за Вардар кога во 2017 црвено-црните за прв пат станаа европски шампиони. 
Тој е еден од ретките што не успеа и да остане во најубавото сеќавање на македонските, посебно на вардаровите фанови откако среде сезона замина, а потоа потпиша за Веспрем. Но, тоа што го одигра во Вардар останува запишано, а трагата неизбришлива. 



Вуко Борозан има нов клуб. Тоа е Ал Араби од Катар. Не беше успешна неговата приказна во Веспрем, за врши со намрштени лица и на двете страни откако реши своеволно да се врати во Црна Гора на прегледи, наместо како што клубот наложи во Веспрем. И тоа пред решавачкиот меч за титула со ПИК Сегед, меч што Веспрем го загуби со се титула. 

Вуко Борозан има неспорен талент и сигурно добродојден ќе беше во многу екипи од Лигата на шампионите, но одбра поинаква варијанта, иако веруваме дека нема којзнае колку да чекаме за одново да го видиме на европските борилишта. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk