Девојки, знаете како се станува шампион, нели?

Од улога на аутсајдер, без селектор на клупата и без повредената Коловска, женската кадетска репрезентација на Македонија денеска во финалето на ЕХФ Шампионатот ќе се бори за пехар и место на ЕХФ ЕУРО. Потешкиот пат е трасиран, значи сите услови да се стане шампион се исполнети.
Денеска ќе биде најтешко, но ќе излезат на терен за да победат.



Љубомир Савевски во жарот на борбата со Полска не успеа да го скроти својот темперамент и заработи црвен картон поради кој денеска нема да биде на клупата на Македонија во финалето на ЕХФ Шампионатот. Се повреди и Александра Коловска, па денска ќе бидат 15 на терен.
Но, не се сами девојките. Долу на терен, на клупата ќе бидат Црвенкоска и Бајрамоска се на клупата со нив и ќе ги влечат потезите.
Не се сами воопшто, цела ракометна Македонија денеска ќе бара стримови, ќе стиска „рифреш“ на резултати и ќе стиска и палци за победа на генерацијата на девојки од кои резултатски не се очекуваше многу. Не се очекуваше, но ете ги, во финална битка за „А“ Дивизија. 

Ако на тоа додадеме дека Македонија на финалниот список останаа ракометни сили како Шпанија и Полска на пример, нивното достигнување добива уште еден тон тежина. Остварено е повеќе од очекувано, но кога си во финале, тогаш постои само една цел. 

Девојките до 17 години, сами си го расчистија патот пред себе и заслужија симната шапка. Респектот го имаат, а пред нив денеска стои и големата награда, играње во елитата и за нив и за тие што доаѓаат по нив. Тоа е наајважниот меч во нивните нови какриери, инвестиција во својата иднина. Само 60 минути и противник против кого се може. Можеше против нив Полска која ја победивме, можеме и мораме и ние денеска.
Тешко ќе биде, потешкиот пат како што рече Кирил Лазаров пред три дена некако е наша ракометна судбина. Но, знаете како се станува шампион, нели?  

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk