Богат ракометен ден е пред нас. Три финални натпревари што не смеете да ги пропуштите се на програмата, а се надеваме дека ќе можеме да споделиме убави вести.
„Борис Трајковски“, „Свитурио Арена“ во Клаипеда и Женската плажа во Струга ќе бидат во центарот на вниманието.
Шоуто почнува во 17:00 часот кога женската кадетска репрезентација на Македонија ќе излезе на терен против Исланд, во финалето на ЕХФ Шампионатот (У17) што се игра во Клаипеда, Литванија.
Еден час подоцна во Скопје, во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во финалето на ЕХФ Шампионатот ќе се сретнат репрезентациите на Македонија и Полска.
Конечно, од 21:15 на турнирот во Струга, во финалето ќе играат екипите на Е. Пелистер и Вардар.
На овие натпревари им претходат дуелите за пласман во Скопје и во Струга. Ќе ги гледаме Грција против Украина и Металург против Струга во дуел за петто место. Швајцарија и БиХ, односно ГРК Тиквеш и Бутел Скопје ќе играат за трето место.