Вардар против Е. Пелистер во струшкото финале

Во финалето на турнирот во Струга ќе играат Вардар и Е. Пелистер. За трето место ќе се борат Бутел Скопје и ГРК Тиквеш, а за избегнување на фенерот ќе играат Металург и Струга.




Малку му требаше денеска на Бутел Скопје за да го направи најголемото изненадување на турнирот. Беше резултатски комплетно рамноправен со фаворитот Вардар, имаше нерешено во последната минута, но не им се случи таа „една одбрана“ или „една грешка“ на противникот во клучните моменти и Гурбиндо го затвори мечот со гол за 25-24 и пласман на Вардар во финалето. 

А во финалето, чека Е. Пелистер. По вчерашните маки со Металург, денеска Е. Пелистер импресивно со 38-21 го совлада Тиквеш и мирно го чекаше расплетот на последниот меч. 

На крајот на денот, ново ракометно уживање ќе има утре, кога одново ќе се сретнат Вардар и Е. Пелистер. По втор пат во предсезоната.
Во македонскиот Супер куп битолчани беа убедливи, но Вардар не на терен туку на трибина имаше шест засилувања. Тоа доведе во пораз од девет разлика, што на вардаровите навивачи нималку не им „легна“, па и тренерскиот бог за вардаровите фанови, Веселин Вујовиќ, навидум почна да ја „губи“ популарноста и за прв пат во кариерата е критикуван и од своите навивачи на социјалните мрежи.
Но, Вардар во Струга го има комплетниот ростер и очекуваме поинаква претстава, а и шанса за реванш. 

Иако се работи само за контроли и не е вистински репер, а патем мораме да забележиме дека струшкиот турнир од досега виденото практично се игра со „одење“, веруваме дека утрешното дерби ќе биде малку поинакво и вистински ќе го најави новото домашно првенство во кое овој пат од стартот ќе играат и сехалигашите. 

фото: Денис Дуковски/rkvardar.mk

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk