ФИНАЛЕ и за македонските кадетки!

ПОЛСКА - МАКЕДОНИЈА 22-25 (12-12)
Македонија: Јовановска, Младеновска 12, Ризоска 6, Бојана Коцева 3, Дукоска 3, Еленин 1, Спасевска, Коловска, Равојска, Тошевска, Нестороска, Кирова, Чурлиновска, Богојеска



Кадетската женска репрезентација на Македонија ја совлада Полска во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот во Литванија и ќе игра против Исланд во големото финале меч за пласман на ЕХФ Еуро! 

Македонија отвори подобро, прва поведе 1-0, 2-1, но потоа Полска ја презема контролата врз резултатот и постојано водеше, со тоа што највисоката предност ја имаше во 19-тата минута (10-6). 
Со два гола на Бојана Коцева и еден на Младеновска, нашиот тим се врати резултатски во игра, а Дукоска во 26 минута донесе израмнување (11-11).
На полувреме беше 12-12 со тоа што Македонија преку Младеновска успеа и да поведе. 

Во второто полувреме, Полска одново се одлепи на плус три (15-12), но следеа три гола на Македонките и израмнување на 15-15. 
Македонија одново поведе во 49 минута, 18-17, а потоа следеше убав период за избраничките на Савевски кои преку Ризоска два гола и по еден на Дукоска и Младеноска, Македонија поведе 21-18. 
 Во 55 минута, Полска побара тајм аут, затоа што Македонија водеше 23-19. 
Намали Полска, но Бојана Коцева со својот трет гол донесе водство од 24-20, а потоа Еленин го завери пласманот на Македонија во финалето, каде ќе се сретне со Исланд. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk