Португалија лансираше нова ѕвезда

Никола и Лука Карабатиќ, Рене Тофт и Хенрик Тофт, Пабло, Диего и Себастијан Симонет, Никлас и Магнус Ландин...ракометниот свет е полн со братски тандеми поретко и трио, а сега е на пат да добие и нов таков ѕвезден пар. 




За Мартим Кошта (18) ракометарот што блесна на кадетскиот мундијал во Македонија пред две години веќе многупати имаме пишувано. 
Од за нас непознати причини Мартим Кошта не е во репрезентацијата на Португалија (У19) што игра на ЕХФ Еуро во Хрватска, но таму вчера е лансирана новата португалска ѕвезда - Франциско Кошта (16), помладиот брат на Мартим. 
За разлика од Мартим кој е деснорак шутер, а игра на сите три бековски позиции, Франциско Кошта е леворак играч, игра десно крило. Вчера на фаворизираната Франција и даде дури 12 гола од 15 обиди во победата од 29-26, а претходно на Хрватска 6 од 9 во поразот од 31-35.

Двајцата браќа досега беа дел од Порто, а следната сезона ќе играат повторно во ист клуб, Спортинг, а приказната за нивниот трансфер, вреди да се прочита. 

Летово Порто за сума од 150.000 евра од Спортинг го откупи Педро Валдеш и тоа го чинеше отказ тренерот Руи Силва, за Спортнг значеше почеток на нова ера, а диригентската палка му беше предадена на Рикардо Кошта. Тој е татко на Мартим и Франциско. 

За да ги доведе своите синови кои се 16 и 18 години а важат за најголеми надежи во Португалија, покрај Силва, Салвадор и други играчи што гледавме во Скопје, Спортинг плати невообичаено голема отштета. 

За Франциско Кошта плати 100.000 евра, а за Мартим Кошта 150.000 евра. Подвлечено, Порто фактички го доби Валдеш бесплатно и заработи 100.000 евра во процесот, но Спортинг го возврати ударот и ги доби двете млади ѕвезди и инвестираше во својата иднина. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk