Последниот гол на легендарниот Раул Ентрериос во пребогатата кариера беше 33-тиот на Шпанија, печат за победа од 33-31 над Египет во битката за бронзен медал на ОИ.
Еуфоричната радост на Шпанците по победата над Египет денеска, солзите на „фараоните“, поажаа дека бронзениот медал има и тоа каква тежина за ракометните екипи на ОИ.
Египет уште еднаш докажа дека е тим рамен на најдобрите три европски екипи. И згора на тоа, денеска играше без најдобриот играч, новиот член на Барса - Али Зеин. Малерозниот бек се повредил на мечот со Франција од полуфиналето и денеска не беше на терен. Ако тој играше, селекторот Јорди Рибера можеби немаше да заврши во воздух, на рацете на своите играчи.
Шпанија контролираше поголем дел од натпреварот, но во последните 10 минути Египет израмни и почна битка гол за гол. Одлична одбрана демонстрираа Шпанците во финиошот, а кај Египет се покажа отсуството на Зеин, па снемаа идеја кога најмногу требаше. Затворени беа Омар Јахија и Ел Ахмар, па успеаја да се одбранат Шпанците во два напада по ред, а Алекс Душебаев на спротивната страна погоди двапати со проектили за најавни шпици ја доведе својата екипа во комотна позиција.
Египет намалуваше на минус еден, но времето беше негов непријател, мораше да игра и пресинг, а тоа финално го казни Раул Ентрериос со гол за 33-31 и победа на „Хиспанос“.