Шишкарев: Игравме против седум Црногорки и двајца Швеѓани

Претседателот на руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев на полувремето и по победата над Црна Гора во 1/4 финалето на Олимписките игри имаше што да им порача на ИХФ, односно на противниците. На не многу убав начин.




„Генерална тенденција, не само за Русија е да се покаже дека во 1/4 финалето нема многу голема разлика меѓу екипите. Иако, ние сме две класи подобри од Црна Гора. 
Таму нема играчи. Имаат еден бек што игра индивидуално (Ѓорѓина Јауковиќ). Имаат една, се извинувам, згасната ѕвезда што игра против ѕвезди. И сега треба цело Токио, цел свет да види дека сме еднакви ривали. Дека има израмнета борба. Да, но нема споредба“, ја пренесува sports.ru изјавата на Сергеј Шишкарјев, претседателот на руската ракометна федерација. 
„Игравме против седум играчи и плус двајца Швеѓани, така што постојано бевме бројчано помалку“, 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk