Македонскиот клуб и шпанскиот претставник се договорија двете средби од првото квалификациско коло за Европската лига да се играат во Шпанија.
Скопје нема да го види Гранољерс по трет пат, барем не годинава. Клубовите Гранољерс од Шпанија и Тинекс Пролет од Македонија се договорија двата натпревари да ги одиграат во салата во која во 1992 се играше олимпискиот ракометен турнир, во рамки на ОИ Барселона.
На 3 септември (петок) од 19:00 часот и ден подоцна од 17:30 часот, се закажани двете средби.
Со овој расплет, шансите на македонскиот клуб да се пласира во второто коло се сведени на теорија, но иммајќи предви многу фактори, почнувајќи од Ковид, завршувајќи со финансиското салдо и буџет, не можеме ништо да му замериме на македонскиот клуб.
Единствено, останува да се надеваме дека таму ќе пружат вистинска борба и ќе ги измачат противничките ракометари.