Ц. Гора е аут, Русија и Норвешка во полуфинале

РУСИЈА - Ц. ГОРА   32-26 (17-15)
НОРВЕШКА - УНГАРИЈА   26-22  (12-10)



Ц. Гора е елиминирана во 1/4 финалето на Олимписките игри. Русија односно Рускиот Олимписки комитет како што е нивното официјално име на овие „игри“ е во полуфиналето со заслужена победа од 32-26. 
Русинките почнаа фуриозно и поведоа со 7-1 по 15 минути игра и се чинеше дека се е решено за една четвртина од натпреварот. 
Ц. Гора предводена од некогашната вардарова ракометарка Јованка Радичевиќ (10/13) успеа во последните пет минути од полувремето со серија од 4-0 да намали на 15-17, но во второто полувреме немаше таков период за нив. Напротив, од 43 со 47 минута се играше речиси без одбрана, Русија постигна шест, а Ц. Гора само два гола и кога страстите се потсмирија, на семафорот беше 28-22 и овде мечот беше прекршен. 
Последните 12-13 минути беа козметика за семафорот и средбата заврши со победа на Русија од 32-26. Ана Вјахирева со седум гола блесна кај Русинките. 

На средбата меѓу Унгарија и Норвешка, унгарскиот состав отвори подобро и поведе со 6-3. Но, влегоа во норвешката машина, девет минути не постигнаа гол, следеше серија од 7-0 и промена на водството (10-6). 
На полувреме беше 12-10, а во вториот дел во елемент влезе Река Бордаш. Таа своите четири гола ги постигна во период од 35 до 42 минута, а Унгарија се врати во предност (18-16). Водеше и 21-20 во 50 минута унгарскиот тим и потоа одново, девет минути без гол и за тоа време Норвежанките направија предност од 25-21 и мирно го приведоа мечот до крајот. 
Само шест одбрани имаа унгарските голмани на овој меч, што можеби е клучниот фактор, иако статистиката вели дека нивниот напад кој имаше два големи поста во текот на средбата е причината што дома си одат по 1/4 финалето. 

Третиот полуфиналист несомнено ќе биде Шведска која веќе на полувремето има осум гола предност пред Јужна Кореја (21-13). 

Последниот патник во битката за медал ќе го даде дуелот меѓу Франција и Холандија што се игра од 13:45 часот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk