E. Пелистер се вакцинираше пред стартот на сезоната

Битолскиот клуб направи потег за поздравување и би требало да стане пример за следење на сите други спортски колективи во државата. 



Е. Пелисте денеска го објави следнито соопштение: 
По утринскиот тренинг, денес напладне во вакциналниот центар во Битола, во спортската сала „Јован Калаузи“, комплетната екипа на Еурофарм Пелистер изврши имунизација на ковид-19. Ракометарите и стручниот штаб ја примија првата вакцина. Втората е закажана за 24 август. Клубот во соработка со здравствените власти комплетно ја обезбеди и организираше имунизацијата. РК Еурофарм Пелистер изразува благодарност до здравствените власти за соработката и поддршката. 



По консултацииите со здравствените работници, ракометарите добија слободни денови и в четврток им се враќаат на тренинзите. В петок пелистерци заминуваат на викенд во Маврово, каде ќе одиграат два контролни натпревари против Еурофарм Пелистер 2 (од неделата се подготвува во Маврово) и Металург (денес замина на подготовки).
Сите ракометари освен Марио Танкоски, кој заздравува од повредата, тренираат во група, под будното око на стручниот штаб.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk