Македонскиот тренер Стевче Алушовски следната сезона ќе работи на Исланд. Ќе биде тренер на клубот Тор од Акуреири.

Од клупата на актуелен, подоцна детронизиран европски шампион на клупата на Тор, клуб од малиот со жители Исланд, но голем со ракометна култура. Ова е тренерскиот пат што за себе го одбра Стевче Алушовски, македонскиот тренер во кој има голем потенцијал, но во Македониј во пракса најтешко се докажуваат македонски тренери, следствено и играчи.
Стевче Алушовски досегашниот тренер на Вардар, европскиот шампион од 2017 и 2019 е нов тренер на Тор. Тоа е веста на денот во викиншкото градче Акуреири, градче со нешто помалку од 20.000 жители и ракометен клуб што го носи името на славниот нордиски бог, последниве години уште пославен како марвелов „Авенџер“.
„Сите што следиме ракомет, решивме дека сега е моментот да го рестартираме клубот. Стевче доаѓа како нас за да го стартува новиот почеток“, се вели во дел од информацијата што ја објави исландскиот клуб.
Рестартирање секако им е потребно, затоа што минатата сезона ја завршија на 11 место во Лигата што брои 12 клуба. Тоа значи чекор назад и играње во ранг подолу.
Во земја каде што ракометот е спорт број еден и каде што се практикува играње на скандинавски ракомет, a и во самото место има доста развиена спортска култура и ривалства, Стевче Алушовски ќе има отворено море пред себе за докажување, ќе следиме како ќе се одвиваа таа приказна.