ДАНСКА - НОРВЕШКА 31-25 (13-12)

-
Актуелниот олимписки првак Данска е во полуфиналето на игрите во Токио. Таму ќе се сретне со Шпанија, репрезентација што денеска спречи скандинавски „костур“ до финалето.
Данска ја совлада Норвешка, селекција која се чини дека својот врв го достигна со финалињата на СП. Норвешка запишува се послаби резултати, а Данска се подобри и згора на се , извадија Данците нови играчи.
Така денеска имавме шанса да ги гледаме Холм и Гидсел во најголем дел од мечот покрај лидерот Микел Хансен. Успеваше Норвешка да се држи резултатски прв првиот дел, но премногу нивната игра беше зависна од Сагосен. Донекаде разбирливо, повредените О'Саливен и Род не можеа којзнае колку да помогнат.
На стартот на вториот дел, пристисна Данска. Хансен играше маестрално во напад, одбраната затвори се, особено го затвори Сагосен, а Ландин кога требаше правеше тоа што требаше.
Можеме и од друг агол да ја гледаме маката на Норвежаните. Сандер Сагосен многу рано доби две исклучувања, па така сестрите Бонавентура ставија свој потпис и на оваа средба. Потоа Сагосен мораше многу да внимава, а црвен картон заработи на седум минути до крајот.
л