Натпреварот меѓу Аргентина и Шпанија, последен за Аргентина на Олимписките игри во Токио ќе биде и последен во дресот на репрезентацијата за четвртиот најдобар стрелец во историјата на Аргентина.
Себастијан Симонет (35) по 195 натпревари со кои стана шестиот играч со најмногу настапи за Аргентина и 415 постигнати гола со кои е четвриот најдобар стрелец нист историјата на тимот се простува со националниот тим.
Бекот на Адемар Леон, Себастијан Симонет е најстариот од тројцата браќа што играат за Аргентина. Најпознат и далеку најквалитетен не само во братското трио туку воопшто во аргентинскиот ракомет е 31 годишниот Диего Симонет. Со најмалку настапи за репрезентацијата и најмалку познат е најмладиот брат, Пабло Симонет (29).