Македонските судии во последното коло од групната фаза на ОИ Токио, ќе судат уште еден меч на звучни имиња.
Дуелот меѓу репрезентациите на Франција и Норвешка од последното коло од групната фаза во Токио ќе го судат македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Во секое коло досега, македонските судии делеа правда на атрактивни тимови, а сега по втор пат ќе им судат на Никола Карабатиќ, Сандер Сагосен и нивнит екипи.
Македонската судиска двојка на сите средби досега имаше одличен перформанс и веруваме дека на овие ОИ можат да стигнат далеку, им посакуваме и на последниот меч на ОИ, да бидат тие судии.