Кога го нема Лазаров, тогаш Микел Хансен е прв

Микел Хансен, стана рекордер по број на постигнати голови во една важна категорија - надобар стрелец на Олимписки игри. Една од ретките категории каде што конкуренција не му е најдобриот стрелец во ракометниот свет - Кирил Лазаров. 


Еден од најдобрите светски играчи во минатата деценија, Микел Хансен, стана сопственик на еден „шампионски појас“ по број на постигнати голови, на Олимписките игри. Данскиот ас постигна девет гола на дуелот со Португалија и сега има 133 гола со што за шест гола го надмина легендарниот корејски бек Кјун Шин Јон. 

Друштвото на најдобри ракометни снајперисти на ОИ, во кое нов крал стана Микел Хансен е легендарно и тука се и Талант Душебаев, Гудјон Сигурдсон, Кокшаров, а напредк прави и Никола Карабатиќ кој во моментов е на шесто место, но има шанси да стигне дури и до второто доколку добие поголема минутажа во продолжението на игрите.

Сепак, во ова друштво недостасува сопственикот на три шампионски појаси - Кирил Лазаров (Најдобар стрелец на сингл ЕП, СП и воопшто во Лигата на шампионите) и тоа значително и ја олесни работата на данската гол-машина. 

НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ НА ОИ
1. Микел Хансен (Данска) - 133
2. Кјун Шин Јон (Кореја)  - 127
3. Талант Душебаев (Шпанија) - 123
4. Гудјон Валур Сигурдсон (Исланд) - 119
5. Едуард Кокшаров (Русија) - 116
6. Никола Карабатиќ (Франција) - 110
7. Даниел Нарсис (Франција) - 109

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk