Т. Пролет се комплетираше со екс играч на Металург

Т. Пролет пред дуелите со Гранољерс во Европска лига, донесе нов десен бек.



Испразнетата позиција десен бек по заминувањето на Никола Потиќ, Т. Пролет ја пополни со уште еден ракометар кој своевремено играше во „Автокоманда“. 

Ракометниот свет не е голем, ако се додадат буџетите, квалитетот, географските одредници, на крајот на денот кога ќе постави равенката, често добиваме ликови што се „повторуваа(т)“. 
Еден таков, денеска стана Ѓорѓе Голубовиќ, десен бек кој една нецела сезона играше во Металург. 

Новиот играч на Пролет, Голубовиќ во Скопје пристигна во 2015 година, во времето на големиот егзодус во Металург, заедно со уште двајца ракометари, пикерот Драган Вргоч и голманот Дамир Ефендиќ. 
Тоа беа поинакви времиња, а и не се задржа многу долго, туку по истекот на сезоната замина за Сласк Вроцлав.
По заминувањето од Скоје играше во Полска, потоа се врати во родната Србија, во Металопластика, а потоа по една сезона играше во Сур Арау (Швајцарија), Оодорхеи и Сучеава (двата клуба од Романија), па во Диомидос Аргос од Грција. По ова станува вториот играч што во Т. Пролет доаѓа од грчкиот шампионат, по Ѓуро Мујиќ. 

Голубовиќ е искусен ракометар, иако има 29 години, досега има сменето 12 клубови. Сигурно ќе се најде во комбинаториките на Доне Бошковски и ќе биде корисен за скопскиот клуб. Т. Пролет следната сезона ќе брани освоено трето место во Супер лигата, а конкуренцијата ќе му биде силна. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk