Шпанскиот ракометар Антонио Серадиља, се појави на прозивката на Ла Риоха по тешката операција.
Дефанзивецот на Ла Риоха, 22 годишниот Антонио Серадиља доби ужасни вести кон средната на април. Му бепе дијагноситициран тумор и по консултација со докторите беше донесена тешката одлука да му биде отстрането очното јаболко.
Серадиља уште тогаш најави дека нема намера да се откаже од ракометот. Си го одржа зборот, вчера, се појави на прозивката на Ла Риоха и почна со подготовки со тимот.
Серадиља ќе игра со заштитни наочари, исто како што своевремено го правеше Карол Биелецки, полскиот ракометар кој во 2010 година окото го загуби во дуел со хрватскиот бек Јосип Валчиќ.