Крај на ОИ за екс играч на Вардар

Оливие Крумхолц, селекторот на женската репрезентација на Франција беше принуден да направи една измена. Дома си оди поранешна ракометарка на Вардар.


По неочекуваниот пораз од Шпанија во второто коло, селекторот на женската репрезентација на Франција, Оливие Крумхолц беше принуден да направи и една замена. 

Тежината на олимпискиот турнир не ја издржа поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Александра Лакрабер. Таа и пред ОИ беше неизвесна поради проблеми со адукторот, но некако успеа да се рехаблитира и да стигне до Токио. 
Но, по два меча проболемите повторно се појавија и Лакрабер утрово е заменета со Осеан Угола, уште еден играч кој се рехабилитираше пред ОИ. 

Франција во првото коло славеше победа над Унгаријa (30-29), но потоа загуби од Шпанија (25-28). Поразот не е многу загрижувачки, колку што е податокот дека Шпанија (потоа и Русија) беше комплетно немоќна пред Шведска и загуби 23-31. 
А токму, Шведска, екипата што покрај Норвешка доминира на женскиот турнир е нивниот следен противник. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk