Спортинг купи супер-талент од Порто

Еден од ракометарите што оставија најсилен впечаток на кадетскиот мундијал што во 2019 се играше во Скопје, Португалецот Мартим Кошта направи нов трансфер. 



Мартим Кошта беше еден од најдобрите ракометари на кадетскиот шампионат што во 2019 се одржа во Скопје, иако играше против две години повозрасни ракометари. Тој беше еден од лидерите на Португалија и ја однесе до полуфинале, иако неговата репрезентација на СП дојде како замена. 

Веќе во следната сезона, Мартим Кошта замина од матичниот клуб Гаја, каде што тренер беше неговиот татко и се пресели во Порто. 
Во Порто очекувано не доби многу минути со оглед на тоа дека се работи за момче од 17 години што игра на бековска позиција. 
Една сезона подоцна, нов трансфер, оди во Спортинг. 

Лисабонската екипа плати отштета на Порто за Мартим Кошта кој сега има 18 години и неговиот две години помлад брат Франческо. Спортинг на овој начин ја исполни желбата на својот нов тренер, Рикардо Кошта, татко на двајцата споменати играчи. 

Без сомнение, во Спортинг ќе добијат поголема минутажа и слобода и сигурни сме дека ќе слушнеме за нив, особено за Мартим Кошта. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk