Нора Морк си „улови“ ракометар

Љубовните врски меѓу ракометните играчи се честа појава до мерка да може да се состави и некоја топ листа на најпознати ракометни парови. 




Приватниот живот на ѕвездите е се освен приватен, особено кога и самите учествуваат во креирањето на јавното мислење. Норвешката ракометна ѕвезда Нора Морк е прилично влијателна личност во скандинавските кругови и секој нејзин неракометен потег будно е следен. 

Нора Морк денеска го „промовираше“ своето момче на Инстаграм. Причината што се најде на насловните, а и на нашиот портал е што тоа е познатиот шведски ас Јери Толбринг, довчера играч на германскиот тим Рајн Некар Ловен, а од следната сезона играч на ГОГ Гудме од Данска. 


„Јас и ти“ ја потпиша Морк заедничката фотографија со Јери Толбринг

Морк е заедно со репрезентацијата на Норвешка на ОИ, додека Толбринг не беше повикан за настап за тимот на Шведска. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk