ПОРТУГАЛИЈА - ЕГИПЕТ 31-37 (15-15)
Фераз 6, Гомез 5, Портела 5 - Али Заин 7, Ел Ахмар 6, Јахија 6
Египет ја совлада Португалија прилично убедливо и наполно заслужено (36-30) на меч што го судеше македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
За разлика од дуелот меѓу Германија и Шпанија на пример, оваа средба беше убава за око, со одлични потези и шутеви од секакви позиции.
Долго време резултатот беше израмнет, речиси 40-тина минути.
Жоао Фераз, Андре Гомез и Руи Силва го решетаа довчерашниот голман на Е. Пелистер, Карим Хенадви. На спротивната страна истото го правеа Али Зеин, Омар Јахија, Ел Ахмар и Ел Дера. Поконкретно сите ракометари на Египет и сите на Португалија имаа шутерско шоу, а голманите на двата тима беа без претерување очајни.
Се играше гол за гол и се чекаше чив голман ќе профункционира.
На нешто повеќе од десет минути до крајот, голманот на Египет почна да брани. Но, не Хендави, туку вториот голман Мохамед Елтајар. Три негови интервенции беа доволни за Египет да дојде до 4, потоа и 5 гола предност. Селекторот на Португалија неколкупати ги ротираше своите чувари, Капдевиљ и Гомеш, но тие денеска едноставно немаа ден и средбата ја завршја со 10% одбранети удари до 55 минута кога победникот беше решен. Или вкупно, португалските голмани имаа само седум одбрани. Египетските голмани фатија 14 топки, од кои пет одбрани беа на Хендави.
На Португалија денеска, едноставно и фалеше Алфредо Квинтана.
Македонските абитри одлично си ја завршија работата.