Савевски денеска го собира кадетскиот тим

Женската јуниорска репрезентација го заврши својот настап на ЕХФ Шампионатот на шестото место, иако со малку среќа можеше да биде барем две места погоре. 



Македонија не иззгледаше „лошо“ како за шесто место, иако ако сакаме да бидеме реални, не изгледаше ни „добро“ како за финале. А единствената наградат на ЕХФ Шампионатот У19 ја добиваа(т) финалистите. 

Видовме потенцијал во нашите редови, ги видовме да издвоиме неколку на пример Јанкуловска, Коларовска, Џатевска, Седлоска, имаме добри играчи за иднина. Колку добри, тоа зависи првенствено од нив.
Ги видовме и Исланд, Белорусија, Полска, Холандија во моментов и не сме далеку од нив.
Можеме да кажеме дека и видовме една најмалку голема светска ѕвезда во најава, ракометарката што ги собра сите индивидуални награди  - Катарина Моленар. Видовме и добри голмани, и активна одбрана пред се од Белорусија, подвлечено од нивниот селектор дека многу работи научил за време на процесот на добивање на ЕХФ Мастер коуч лиценца и дека сега тоа го применува на терен. 

Таа приказна заврши вчера, денеска почнува нова. Љубомир Савевски денеска ги сибора кадетските репрезентативки. Тие ќе играат на ЕХФ Шампионат У17 во Литванија од 7 до 15 август. Од тој шампионат се обезбедува место на ЕХФ Еуро, односно „А“ Европско првенство. Македонија е во група со Шпанија, Литванија, Финска и Косово.
Дури  14 ракометарки од кадетската екипа беа на поширокиот список за ЕХФ Шампионатот, пола од нив и беа во ростерот на Савевски. 

„Тоа и ми беше целта. Моравме да направиме комбинација од кадетки и јуниорки за да ги спремиме подобро, да добиеме некој играч за кадетскиот тим што треба да се бори за А Дивизија“, вели Љубомир Савевски. 
„Затоа и некои играчи (не) беа повикани. Направивме селекција, го одбравме првиот тим, другиот дел беше со кадетски играчи. Сакав да поставам одбрана, да имам барем три бека и пикери од кадетскиот тим на располагање и овде. 
Мислам дека на овој турнир ја добивме Ризоска за кадетската екипа, потоа Дукоска веќе се има етаблирано, а имаме уште неколку играчи', вели селекторот. 

“Денеска почнуваме со подготовски  за тој турнир во Литванија. Следи селекција, комбинирани тренинзи, ќе видиме ако може да се договори контролен натпревар“, изјави Савевски. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk