Унгарија го освои женското ЕХФ Еуро У19

Унгарија е една од државите во кои женскиот ракомет зазема висока позиција, а систематски и студиозно се работи со играчите уште од најмала возраст. Резултатите не ги одминуваат. 


Унгарија не само што е доминантна во женскиот клупски ракомет во светот, туку и како репрезентација се наметнува и запишува во самиот врв. Годините студиозно и професионално работење со младите категории особено на клупски план даваат резултати. 

Денеска женската репрезентација на Унгарија до 19 години стана европски шампион. На ЕХФ Еуро што се играше во Словенија, во финалето, Унгарија, импресивно со девет гола разлика (31-22) ја совлада репрезентацијата на Русија. 
Во мечот за бронзен медал, Франција ја совлада Шведска, минимално 30-29. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk