Селекторот на Македонија, Љубомир Савевски, задоволен по стартната победа на У19 тимот на ЕХФ Шампионатот во Скопје.
Не знаев што и колку можам да очекувам од мојот тим, затоа што немавме контроли и само трениравме последните 15-тина дена.
Можам да кажам дека сум задоволен, одбраната беше на потребното ниво и постигнавме многу лесни голови. Ова е во секој случај добар почеток за нас, добро го отвориме Шампионатот“, изјави Љубомир Савевски.