Македонија ја преслуша БиХ

МАКЕДОНИЈА - БИХ  39-28 (17-12)
Македонија: Јовановска, Трајковска, Миновска 10, Јанкуловска 7, Арсениевска 3, Ризовска 6, Коларовска 8, Џатевска 1, Дамјаноска 1, Дукоска 1, Костовиќ, Коловска, Софтоска 2, Пешиќ, Младеновска, Кирова, 

Репрезентацијата на Македонија победнички стартуваше на У19 ЕХФ Шампионатот во Скопје. Во првото коло, славевме победа над селекцијата на БиХ.



Пет минути се играше израменто, до резултат (2-2), по што Македонија ја крена одбраната на повисоко ниво и тоа веднаш им направи прооблем на противничките ракометарки.  Почнаа и лесни голови, Јануловска беше расположена и постигна три од првите пет гола за Македонија, а нашата селекција поведе 5-1.
Босанките во продолжение заиграа нешто подобро, македонските ракометарки во неколку ситуации стрелаа во конструкцијата на голот, по што следеше и израмнување (6-6). 

Дојде ред на левото крило Сара Миновска да покаже што знае. Таа влезе во серија на погодоци,, па Македонија во 21. минута повторно имаше водство од три гола (12-9). а потоа и со 15-11 и тоа со играч помалку на терен.
Добрата одбрана и ја олесни работата и на голманите, па пред крајот на полувремето се разбрани и голманката Марија Јовановска, а реализациите на спротивната страна донесоа и убедливо водство од 17-11. На одмор се замина со предност на Македонија од 17-12. 

Ритамот фатен во првиот дел продолжи и во второто полувреме. Македонија поведе 18-12, 20-13, а во 43 минути за прв пат и границата од 10 гола разлика беше пробиена и Македонија поведе 25-15. Сара Миновска беше убедлива на листата на стрелци и постигна 10 гола пред да биде повлечена на клупата.
Македонија имаше и највисоки плус 14 (34-20), но во финишот не притискаше премногу, имаше измени во тимот, па противникот намали. 
Сеедно, победникот одамна беше решен, а Љубомир Савевски можеше да штиклира победа на својот кам-бек во ракометот по речиси долгото отсуство.

Денеска од групата „Б“ во која е и Македонија, репрезентацијата на Холандија и нанесе катастрофален пораз на селекцијата на Косово од 53-14. 

Македонија утре е слободна, а во понеделник од 20:30 ќе се сретне со селекцијата на Фарски Острови. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk