Савевски одбра тим за дебито со БиХ

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го одреди составот со кој Македонија денеска ќе игра против репрезентацијата на БиХ (20:30ч) во рамките на првото коло од ЕХФ Шампионатот во Скопје.



Савевски нема да смета на Седлоска на премиерниот натпревар од шампионатот, другиот дел од екипата, веруваме е подготовен за вечерашниот предизвик. 
Шампионатот почна денеска, на премиерниот натпревар, Белорусија со голем пресврт, се врати од минус шест гола и успеа да победи минимално 23-22 на меч со репрезентацијата на Исланд. 
Таа, како и средбата Полска - Финска се од групата А, додека Македонија е во групата „Б“ заедно со екипите на БиХ, Ф. Острови, Косово и Холандија. 

Победникот на шампионатот обезбедува пласман на ЕХФ Еуро, а финалистот ќе има шанса да игра дополнителни квалификации. 



Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk