Играла 10 минути со три исклучувања!

По прегледувањето на снимката од натпреварот Австрија - Хрватска  на ЕХФ Еуро до 19 години, ЕХФ одлучи последните десет минути од мечот да се преиграат! 



Неверојатен превид се случи на натпреварот од женското ЕХФ Еуро до 19 години што се игра во Словенија. На средбата меѓу репрезентациите на Австрија и Хрватска (победа на Хрватска од 23-24), хрватска репрезентативка во последните 10 минути играла иако имала три исклучувања!

Миа Бркиќ е ракометарката која и по третото исклучување се вратила во игра, постигнала два гола и тоа за да биде белјата поголема, била стрелец и на решавачкиот гол, за победа на Хрватска. 

Средбата ја судеа Ердоан Витаку и Арсим Витаку од Косово, делегат им беше Сотирис Контстантину од Кипар. 

Австрија по мечот веднаш приложила протест и откако било утврдено дека Бркиќ навистина три пати била исклучена, ЕХФ одлучи последните 10 минути од мечот да се преиграат, нормално, без Бркиќ во составот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk