Барса го промовираше новото засилување

Крај на исчекувањето, Барса денеска го промовираше новото засилување на позицијата десен бек.


Мелвин Ричардсон, ракометарот на Монпеље и син на светската ракометна легенда Џексон Ричардсон, следните четири години ќе биде ракометар на Барса. 
Овој трансфер е долго време најавуван, но дури денеска официјализиран. 

Барса летово се збогува со Јуре Доленец на чие место доаѓа Мелвин Ричардсон и заедно со Дика Мем ќе формира француско дуо во каталонскиот клуб. 
Замина и голманот Кевин Мелер на чие место доаѓа Лео Месиел од Аргентина, заминаа и Алекс Пасквал и Каспер Мортенсен, а на нивното место дојде Анхел Фернандез, заминаа и Седрик Сориндо, Арон Палмарсон и Раул Ентрериос, а засега единственото ново име од надворешната позиција покрај Ричардсон е Али Заин од Египет. 

Монпеље, кој е противник на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите, отпорано се имаше збогувано со Ричардсон, но засега нема адекватен одговор на неговото заминување. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk