Металург продолжи со пикерот

Металург денеска објави дека ја продолжи соработката со пикерот Милан Лазаревски.


Металург продолжува да се екипира за следната сезона. Денеска клубот објави дека постигнале согласност за продолжување на соработката со Милан Лазаревски. Лазаревски веќе може да се квалификува како играч со  значајно искуство и покрај тоа што се работи за млад ракометар. Тој беше носител и прв избор и минатата сезона особено по заминувањето на Канкараш. Заедно со младиот Митиќ формираат одличен тандем на линијата, па Металург барем што се однесува до домашниот шампионат може да каже дека завршил работа. За се друго ќе се чека разврската во ждрепката за Европската лига. Металург веќе сега и а состав што би требало да ги избегне ланските резултатски турбуленции, а може и да го направи првенството многу поинтересно и во битката за шампионската титула.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk