Скопскиот клуб Пролет, денеска објави дека има промена на тренерската позиција во клубот.
Поранешниот стратег на Вардар и на Еурофарм Работник, Андон Бошковски, е изборот на управата на Тинекс Пролет за шеф на стручниот штаб за наредната натпреварувачка сезона. Постигнат е целосен договор за двогодишна соработка со овој ракометен стручњак, кој ќе го предводи тимот во европската авантура, но истовреме и ќе се обиде да ги повтори резултатите од минатата сезона, што Тинекс Пролет ја заврши на третата позиција што е нивни најдобар резултат.
Бошковски минатата сезона ја почна како предводник на проектот Голден Арт КЛ7, клуб со кој бележеше добри резултати и овозможи развој на младите ракометари на оваа екипа. На почетокот од годинава тој си замина од скопскиот суперлигаш, нешто подоцна го прифати предизвикот во Радовиш и со серија извонредни резултати му овозможи на овој клуб да опстане во елитното друштво.