Александар Падшивалов, белорускиот централен бек што годинава ја одработе во екипата на Минден од Германија, потпиша договор со рускиот вице-шампион ЦСКА Москва.
Орон Менсинг, бекот на Холстебро што излегува од данската развојна репрезентативна школа следната сезона ќе игра за германскиот Флензбург.
Овој ракометар пред неколку месеци бираше и ја одбра Данска пред Германија со оглед на тоа дека има германски корени, но живее во Данска. Менсинг веќе и дебитираше за Данска на квалификацискиот дуел со Швајцарија.
Потпретседателот на германската ракометна федерација и менаџер на Фуксе Берлин, Боб Ханинг, си додаде и трета обврска. Ханинг е еден од највлијателните во германскиот ракомет и затоа чуди неговата одлука да биде и тренер и тоа на третоглигашот Потсдам.