Спектакл за „50-ка“: ПСЖ, Веспрем, Келце во Струга?

Годинава Струга го оргнизира 49-тиот турнир, се уште со Ковид мерки, но за наредната година, за јубилејот се спрема турнир каков што не е виден во Македонија.



Струшкиот турнир е еден од најстарите турнири во Европа и следната година кога на тортата ќе има 50 свеќички признание за петдеценискиот труд ќе добие од најголемите во Европа. 

„Уште од сега разговараме со Веспрем и Келце и постои заинтересираност и реални, големи шанси да дојдат во Струга следната сезона кога турнирот ќе го слави големиот јубилеј“, вели Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт. 

„Покрај овие два клуба заинтересираност има и од ППД Загреб, а го поканивме и Пари Сен Жермен. Ќе видиме како ќе се одвиваат понатаму преговорите со сите овие клубови, но сигурно е дека на турнирот ќе има многу звучни имиња. Следната сезона ќе учествуваат осум екипи“, вели Мојсовски. 

Пред во Струга да видиме ѕвезди од големиот калибар, годинава, од 11 до 14 август, со шест екипи ќе се одигра 49-то издание. 
Потврдени се четири екипи - Струга, Вардар, Е. Пелистер и Металург. Петтиот член по се изгледа ќе биде Целје Пивоварна Лашко од Словенија. Кој ќе биде шестиот?

Засега нема одговр, а заинтересираноста е голема и дома и меѓу странски екипи. Но, поради Ковид се се одвива под „рачна“ и затоа уште не е пресечено каков ќе биде финалниот изглед на турнирот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk