Марковски доби мастер диплома

Тренерот на Металург Иван Марковски, успешно ги мина сите модули во тренерското образовените и влезе во одбраното друштво. 



Тренерот на Металург, Иван Марковски ги мина сите потребни степени на образование и ја доби својата мастер коуч диплома и влезе во одбраното друштво на тренери што го поседуваат овој сертификат. Мастер коуч е задолжителна за водење на екипи во Европа, задолжително и за водење на репрезентации. 
Металург сега веќе нема за штпо да се грижи во тој поглед, а Иван Марковски реши горливо прашање од областа на тренерското образование. 

Иван Марковски е 22 македонски тренер што ја има оваа диплома, во постапка, односно финална се уште неколку тренери, а не е мал бројот и на тренери што наскоро ќе влезат во последната фаза за добивање на соодветна диплома во рамки на РИНК Конвенцијата чиј потписник е Македонија уште од 2014 година. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk